top of page

Meal prep и складирање на храната

Подготвувањето повеќе оброци одеднаш или т.н.meal prep е популарен метод кој може да спаси многу време. Со ваквата подготовка секојдневно може да имате вкусни и нутритивно богати оброци, без многу чекање.



Иако планирањето и подготовка на повеќе оброци обично асоцира на готвење на евтина струја цел ден во недела, не мора да биде така затоа што постојат неколку методи на "meal prep".


Методи на meal prep

Следуваат неколку идеи за meal prep што може да ви помогнат да се организирате во текот на неделата за составување оброци:

  • Може да направите целосно зготвени оброци што потоа ќе ги притоплите;

  • Може да направите поголема количина од некои рецепти, потоа ќе ја поделите на порции и ќе одмрзнувате по потреба;

  • Или може само да насечкате, да издинстате или да сварите состојки со кои подоцна за побрзо време ќе составите оброк (месо, грав, наут, измиен и насечкан зеленчук);

  • Meal prep е и самото купување повеќе намирници што ќе ви бидат дома при рака за да не се мислите што да готвите.

Не мора да применувате само еден метод, туку можете да ги комбинирате според условите. Почнете со методот што ви е најлесен, па експериментирајте со останатите.


Со претходно подготвени оброци поретко се посегнува по случаен избор на храна, дури може да се стекне навика за поздрав избор на храна.


Безбедно чување и користење на зготвената храна

Безбедноста на храната е многу битен елемент на подготвувањето неколку оброци одеднаш затоа мора да се внимава при складирањето и нејзиното користење.


Еве неколку основни правила:

  • Претходно подготвената храна се чува на ладно во фрижидер на најмногу 4 степени или се замрзнува на -18 степени.

  • Зготвената храна мора да се стави на ладно најдоцна до два часа од готвењето.

  • Свежите месо и риба мора да се зготват 2-3 дена по купувањето. Во меѓувреме се чуваат во најладните делови од фрижидерот.

  • Храната се подгрева само еднаш за да се намали ризикот од труење.

  • Одмрзнатата и подгреана храна мора да се изеде во рок од 24 часови.

  • Зготвената храна што се чува во фрижидер треба да се изеде за 3-4 денови, а замрзнатата во период од 3-6 месеци.



За крај...

Подготовката на повеќе оброци одеднаш, т.н. meal prep е метод кој може да заштеди многу време во текот на работната недела.


Постојат неколку методи на meal prep со кои може да се експериментира и да се прилагодуваат според сопствените потреби.


Задолжително предупредување е да се внимава на складирањето на подготвената храна и на нејзиното искористување поради безбедноста при конзумирањето на таквата храна.

Comments


bottom of page