top of page

Отворен сендвич со млечен намаз и лосос

Сендвичите некако ми се синоним за брз оброк, за брза храна. Не само што не одземаат време во составувањето, туку и лесни се за пакување како оброк за носење. Со сендвичите, покрај тоа, и многу може да се експериментира со вкусовите, како што е случајот со овој рецепт. И бидејќи сакам да додадам зеленчук во каква било варијанта секаде каде што може да се вметне, овде имаме интересна комбинација на зелена салата со кромид и портокал. Знам, сетоа ова ќе ви звучи чудно, ама препорачувам да го испробате овој експеримет со вкусови, па да се уверите каков празник претставува за сетилата. Отворен сендвич со млечен намаз и лосос Количина: 6 отворени сендвичи Време за подготовка: 10 минути Потребни се сад за салата и еден сад за пасирање Состојки: 200 g немрсно сирење или урда Лук во прав Копар - свеж или сушен Зелена салата (пр.рукола, марула) Кромид 1/2 портокал 20 g ореви, искршени Балсамик 100 g димен лосос Опис: За млечниот намаз, се пасира сирењето и се додаваат зачините Во посебен сад се мешаат состојките за салатата. СОСТАВУВАЊЕ: на секое парче леб како основа се мачка од намазот, потоа се додава салатата и на крај секој сендвич се украсува со парчиња димен лосос (лососот може претходно кратко да се пропжи на многу малку масло на нелеплива тава или кракот во air-fryer).

Отворен сендвич со млечен намаз и лосос
bottom of page