top of page
  • Facebook
  • Instagram
  • LinkedIn
  • YouTube

да се запознаеме

DSC01237_edited.jpg

Јас сум Антонио Велковски, дипломиран нутриционист

За различните типови на исхрана почнав да се интересирам пред 8 години, трагајќи по одговорот на прашањето „Кој е најправилен начин на исхрана?“ Колку повеќе навлегував во морето информации за исхрана, сфатив дека денешната наука предност и дава на растителната исхрана.

 

Јас и самиот ги почувствував благодетите на претежно растителната исхрана и одлучив за моето искуство да зборувам со секој што е заинтересиран да чита за исхрана и готвење преку мојот блог „Ајде да јадеме“.

Љубопитноста не ме остави да застанам тука. Решив да си ги проширам хоризонтите и да се нурнам во океанот на науката. Од таму излегов со куп знаење во областа на нутриционизмот кое сум подготвен да го споделам преку мојот старо-нов медиум „Ајде да јадеме“.

Затоа ве канам заедно да го започнеме следното истражување во делот на нутриционизмот, овој пат не само преку вкусни рецепти, туку и со научни факти за избалансирана исхрана со индивидуален пристап и без ригорозни диети.

Целта ми е да најдеме решение за вашите предизвици во делот на исхраната, а мојата мисија е да ја надминеме културата на диети и да се преоирентираме кон секојдневно практикување на поздрава избалансирана исхрана.

bottom of page