Баунти колачи
Како се прави десерт во мојот дом? Жена ми добива желба да состави некој рецепт, разгледува неколку идеи, не признава нити една мерка и составува сопствен рецепт. Го усовршува со секое следно правење, ама мерките и остануваат најнебитен дел.
15 минути
сложено
35 мали колачи

Состојки
400 g сиров наут
2 главици кромид
3-4 чешниња лук
Кора од лимон
Китка блитва (или, потрадиционално, магдонос)
Зачини: сол, црн бибер, буковец, кумин
2-4 лажици брашно од наут или од овес
½ лажичка сода бикарбона
Масло за премачкување на фалафелите
Постапка
1. Наутот се потопува во вода барем 10 часови. Потоа убаво се процедува од водата.
2. Откиснатиот наут (не се вари) се става во блендер со сите состојки, освен маслото и содата, се меле додека да се добие смеса од која ќе може да се оформуваат ќофтиња. Не очекувајте да добиете мазна смеса како за хумус!
3. Добиената смеса се остава да се излади во фрижидер околу 1 час.
4. Во изладената смеса се додава содата, убаво се промешува и се оформуваат ќофтиња (25-30, зависи од големината).
5. Фалафелите се премачкуваат со тенок слој масло за да се добие крцкава кора, слична на пржената варијанта и се печат на 180 степени, 35-40 минути. Јас обично ги превртувам на половина од времето за печење.
Забелешка
Се подготвува во мултипрактик и тавче за печење
Калории (kcal)
90
Масти (во грамови)
5
Протеини (во грамови)
2












