top of page

Инстант овесна мешавина

Еден период собирав многу рецепти. Се што ќе најдев интересно, го складирав по фолдери. И пак кога сакав нешто да зготвам, по фолдерите не можев да најдам рецепт што ми се допаѓа, па пак барав нови.


Така некако дојдов и до овој рецепт. Пребарував идеи за појадок, ама условот беше да се состави нешто во поголема количина и ми се наоѓа при рака за итна употреба. Налетав на видео на Џејми Оливер и си реков - ова е тоа!

Каша од инстант овесната прашина
Каша од инстант овесната прашина

Најдоброто кај оваа овесна мешавина е што излегува голема количина и спакувана во хартиена кеса и на ладно може да се чува доста долг период.


Во моменти кога немате идеја што за појадок/ужина/вечера (што и да е), мешавината веќе е подготвена, само треба на брзина да се свари или да се покисне со млеко или јогурт, да се додаде овошје (или не мора да се додава ништо) и толку.

Чија семето е одличен згуснувач за пудинг
Инстант мешавината одлично оди со лешници во составот
 

Инстант овесна мешавина


Време за подготовка на состојките: 15 минути

Време за варење на кашата: 5-10 минути


Се подготвува во мултипрактик



Состојки:


1 kg крупни овесни снегулки

350 g комбинација од семки и јатки (пр.лешници, бадеми, сончоглед, сусам...)

250 g суво овошје (урми, суво грозје, брусница...)

1 голема лажица инстант кафе

3 големи лажици какао

Трите вкусови распоредени во тегли
Овесната каша може да се комбинира со овошје

Опис:


  1. Јатките/семките се тостираат во загреана рерна на 190 степени, 10-15 минути, па се оставаат да се изладат.

  2. Сите состојки се мелат во мултипрактик.

  3. Ваквата мешавина се чува во хартиена ќеса или во стаклен сад, на ладно, до 1 месец.

Начин на користење:
  1. 1 чаша од мешавината се вари со 2 ч вода.

  2. Откако ќе ја впие водата, се додава 1 чаша некаков вид млеко (соино, кравјо, козјо) и се вари до посакуваната густина.

  3. Се сервира со овошје, кокос, рендано чоколадо или со грчки јогурт или соја јогурт (сето тоа по вкус)

Трите вкусови распоредени во тегли
Инстант овесната мешавина претворена во каша



Comments


Commenting has been turned off.

Следете ме

  • Facebook
  • Instagram
  • Twitter
  • YouTube
  • Pinterest
bottom of page