top of page

Пилешко со киноа и песто

Ни сам не знам од кога не сум се обидел да составам некој посложен рецепт. Знам само дека порано уживав да изведувам чуда во кујна од што е можно посложени рецепти.


Денес гледам се да е нешто побрзо и најбитно ми е да е со интересен вкус.

Пилешкото сервирано со киноа и со песто од босилек
Пилешкото сервирано со киноа и со песто од босилек

Сакам да готвам и да препорачувам на клиенти јадења кои со секој залак нудат куп хранливи материи, а претставуваат и експлозија од вкусови.


Оваа комбинација на пилешко со киноа и печен зеленчук може лесно да се трансформира, односно зеленчукот да се менува со избор на она што е во сезона. На тој начин и себеси ќе се изненадите како со сосема нов рецепт.


Зачините му даваат посебен вкус на пилешкото
Зачините му даваат посебен вкус на пилешкото

 

Пилешко со киноа и песто


Количина: 1 порција

Време за подготовка: 20 минути


потребно е тавче за пржење што не би се оштетило кога ќе се употреби и во загреана рерна



Состојки:

ЗАЧИНИ: италијанска мешавина, лук, сол, црн пипер, буковец

½ kg пилешко месо

Тиквичка исечена на полумесечини

Шери домати

2 лажици маслиново масло


2 чаши вода

1 чаша киноа


Песто од босилек

Рецепт доволен за две или три порции
Рецепт доволен за две или три порции

Опис:

  1. Во сад се мешаат зачините.

  2. Пилешкото месо се сече на парчиња и се меша со зачините, а во посебен сад се меша и зеленлукот со истите зачини.

  3. Пилешкото и зеленчукот се распоредуваат во еден ред во тавче за печење. Се печат на 200 степени околу 20-30 мин (додека да омекне зеленчукот и да се испече пилешкото).

  4. Во меѓувреме се вари киноата на средна температура, 15 тина минути со претходно зовриена вода, потоа се исклучува и со остава на топло да отстои уште 5 мин.

  5. Варената киноа се меша со потпечениот зеленук и соковите од тавчето.

  6. Се додава и пестото и се сервира со парчиња пилешко.







Comments


bottom of page