И покрај тоа што како нутриционист препорачувам редовно пиење течности, јас сум меѓу оние што забораваат на течностите!
Само да спомeнам дека редовно вежбам и трчам, а при спортување, посебно ако се спортува на отворено, со потењето се губи и доста течност, а со тоа и електролити.

И сега нешто за моето искуство. Следев програма за полумаратон (рекреативно) и програмата опфаќаше секојдневни разновидни тренинзи со истрчани 6-7 km, освен во саботите кога трчав на подолги патеки во времетраење од минимум час и половина. А тоа е доволно да се дојде до состојба на дехидрираност ако не се внесуваат доволно течности додека трае трчањето или потоа.
По една таква долга сесија трчање од скоро 2 часа, сосема заборавив да земам нешто за освежување и се чувствував крајно зашеметено. На пат кон дома запрев во еден маркет и прво што ми падна во очи беше Sütaş Ayran. Купив едно пакување и веднаш го испив и мислам дека ме врати во живот.
Што е толку магично што така ми делувше и зошто одбрав токму Sütaş Ayran?
Имаше сè што ми треба во тој момент - вода, електролити и прекрасен освежителен вкус кој дефинитивно ме освежи. Морам да го истакнам вкусот бидејќи и наспроти очекуваниот солен вкус, Sütaş Ayran има одличен сооднос на соленкаст и прекрасен освежителен вкус специфичен за ферментираните производи.
За вкусот се согласивме, а сега неколку зборови и за неговите нутритивни какрактеристики.

Прво, што е ајран?
Ајранот е уникатен ферментиран млечен пијалок, поради што претставува извор на протеини, пробиотици и електролити и делува доста освежително. Се смета дека за првпат е направен пред околу илјада години и од тогаш е доста популарен во Турција.
Интересно е дека ајранот содржи три едноставни состојки: јогурт, вода и сол.
Според традицоналниот рецепт кој го следи Sütaş, јогурт се раствора со вода и се додава мала количина сол, па потоа се мешаат трите состојки. Поради тоа, овој напиток има пријатен киселкасто солен вкус и течна конзистенција.
Последниве години, благодарение на Sütaş, ајранот е достапен и на нашиот пазар.
Нутритивен профил
Поради природата на неговите состојки, ајранот содржи комбинација на масти, јаглехидрати и протеини за доста малку калории (околу 80 калории на 1 чаша ајран).
Од микронутриенти содржи натриум, калиум и витамин А и извесна количина на фосфор, цинк и Б витамини.

Како ајранот помага при дехидратација?
Дехидратација е недостаток на доволно вода во организмот. Најдобар начин да се избегне дехидрираноста е да се пие течност пред да се почувствува жед. Секој може да дехидрира доколку не внимава на доволен внес на течности, но таквата појава најчесто е застапена кај спортисти, луѓе што работат на отворено, постари лица, лица со хронични заболувања, деца, но и секое лице што има напорен распоред на дневни активности, а такви сме многумина.
Интересен факт е дека не само спортистите кои се изложени на сонце, туку и бодибилдерите и пливачите се меѓу оние кои се под ризик од дехидрираност. Колку и да звучи необично, возможно е и потење во вода, односно пливачите губат доста течности додека пливаат.
Некои пијалоци се подобри од други за заштита од дехидратација. На пример за умерена активност како што е пешечење 1 час или помалку, водата ќе ни помогне да ја оддржиме хидратацијата во нашето тело.
Ако планирате да вежбате подолго или понапорно или неколку часови сте изложени на сонце, тогаш треба да се рехидрирате со напиток кој не само што ќе ја надополни загубената течност, туку ќе ги надополни и електролитите кои се губат преку потта, како натриум и калиум. Недостатокот на натриум и калиум во огранизмот може да предизвика проблеми - грчење на мускулите е една од последиците што може да се јават поради недостаток на електролити.
Соодветната хидратација ќе го направи убавото пролетно време многу поинтересно и побезбедно. Понесете со себе мало пакување Sütaş Ayran за да ви се најде при рака при долго пешачење, затоа што ајранот поради содржината на електролити, го штити балансот на течности и би го рангирал на прво место како пијалок против дехидратација.

Кои се други здравствени придобивки од пиењето ајран?
Со оглед на тоа што ајранот е вид на ферментиран млечен производ, содржи различни типови пробиотици (добри, корисни бактерии), кои пред сѐ помагаат за подобра дигестија.
Треба да се напомене дека мета анализи на рандомизирани контролирани истражувања укажуваат дека секојдневниот внес на пробиотици го намалува нивото на Ц-реактивниот протеин во крвта (CRP). CRP е вид на протеин што се покачува како одговор на инфламација.
Голем број истражувања укажуваат и дека редовниот внес на пробиотици може да помогне за подобар имунитет.
Мета анализа на 20 рандомизирани контролирани истражувања спроведена од Универзитетот во Јорк го испитувала влијанието на пробиотиците за намалување на веметраењето на некои заболувања.
Студијата открива дека испитаниците кои секојдневно внесувале пробиотици поретко отсуствувале од работа/училиште и побргу заздравувале од респираторни инфекции од групата со плацебо.

Практични препораки
Овде го споменав моето искуство за недоволно конcумирање течности по спортска активност и за тоа како Sütaş Ayran ми помогна да се вратам во форма.
Меѓутоа ајранот, освен како инфузија за дехидрираниот организам по завршениот тренинг, може да се употреби и како нискокалоричен нутритивен додаток кој ќе ги збогати оброците во текот на денот.
Имајќи предвид дека содржи пробиотици, би можел да се искомбинира со храна што содржи ПРЕбиотици, кои претставуваат храна за добрите бактерии. Според ова, ајранот би бил одлична комбинација со јадења што содржат кромид, праз, лук, ленено семе, салата што содржи ротквички, зелка, глуварче, спанаќ, овес, исто и во комбинација со мешунки (пр.со чорба од грашок).
Нормално, ајранот може нутритивно да дополни и други оброци.
Кај нас дома секогаш има барем по едно пакување Sütaş Ayran бидејќи го комбинираме со пити, ѓевречиња, проја, сендвчи, сармички од лозов лист, чорби, грашок, боранија, полнети пиперки…
Ајранот може да се консумира и како ужина. На пример, на работа за премостување на периодот меѓу два оброка може да се испие чаша ајран - од една страна консумираме нешто што придонесува за потребната хидратација, од друга страна како ужина имаме вкусен, 100% природен производ што освежува, а не содржи додадени засладувачи ниту адитиви. Затоа ајранот сосема оправдано можеме да го сместиме во категоријата здрави напитоци.
Предлог: Утре изутрина започнете го денот со чаша Sütaş Ayran.
Comments