top of page

Медитеранска компирна салата

Јасно ми е дека во последно време компирот, односно пред се белиот компир го следи лош глас и тоа од неколку причини.

По аналогија на белиот леб и белиот ориз и белиот компир се сместува во истата категорија, макар што нема никава причина за таквата споредба.

Медитеранска компирна салата

Всушност правилно зготвен, компирот може да биде неверојатно здрав, а неговиот неутрален вкус се вклопува во комбинација со различни видови храна.

Покрај тоа, компирите се одлични за одржување здрава телесна тежина затоа што доста заситуваат за калориите што ги содржат.

Еве предлог за салата која содржи компири и може да биде целосен оброк.

Состојки за медитеранска компирна салата
Варени компири за салата
 

Медитеранска компирна салата


Количина: 4 порции

Време за варење на грашокот: 10 мин

Време за сечкање на зеленчукот: 10-15 мин

Време за подготовка на дресингот: 5 мин

Вкупно време за подготовка: 20-25 мин (без времето за варење на компирите и ладење на салатата)


Без глутен, без јатки/семки

Се подготвува во две тенџериња за варење и во сад за мешање на салатата



Состојки за салатата:


1 kg варени компири

2 рендани свежи моркови

260 g варен грашок (или грашок од една конзерва)

2 поголеми зелени пиперки, исечкани

50 g ситно исечкан магдонос

20 g ситно исечкан копар

2-3 чаша млад кромид, исечкан


Состојки за дресингот

3-4 големи лажици таан

1 голема лажица маслиново масло

Сок од 1 или 1 1/2 лимон

1 до 1 1/2 мала лажица јаболков оцед

1/2 голема лажица сенф

1/2 мала лажица мед

2 чешниња издробен лук

Сол и црн пипер по вкус

Состојки за медитеранската компирна салата
Медитеранска компирна салата без дресинг

Опис:

  1. Компирите откако ќе се сварат и ќе се подизладат, се сечкаат на коцки и се ставаат во поголем сад. За поразлична текстура, може некои од компирите да се раскршат или малку да се испасираат.

  2. Ако не се користи грашок од конзерва, прво треба да се свари 5-10 минути во зовриена вода. Потоа откако ќе се излади, се додава во садот кај компирите.

  3. Се додаваат и преостанатите состојки за салатата.

  4. Подготовка на дресингот: сите потребни состојки се мешаат во тегличка или во помал сад. Дресингот се полева врз салатата и се промешува целата салата.

  5. Ако дозволува времето, салатата се остава во ладилник околу половина час за убаво да се искомбинираат вкусовите.


Подготовка на дресинг за салатата
Медитеранска компирна салата со дресинг

Забелешки:

  • Во дреингот по вкус може да се додаде уште лимон или мед, а за потенок сос да се додадат 1-2 лажици вода или растително млеко.

  • Дресингот може да се искористи и за зелена салата, да се полее врз варена киноа или како сос за варени тестенини.

Медитеранска компирна салата

Следете ме

  • Facebook
  • Instagram
  • Twitter
  • YouTube
  • Pinterest
bottom of page