top of page

Баунти колачи

Како се прави десерт во мојот дом? Жена ми добива желба да состави некој рецепт, разгледува неколку идеи, не признава нити една мерка и составува сопствен рецепт. Го усовршува со секое следно правење, ама мерките и остануваат најнебитен дел.


За да го запишам рецептот за овие превкусни колачиња морав да ја натерам да го направи тоа што никогаш не го прави - да мери и да ми каже точни мерки.

Гранола од супер храна
Баунти колачиња

На интернет може да се најдат милион варијанти на баунти колачи, меѓутоа многу често содржат премногу состојки или имаат сложен начин на изведба, нешто што кај нас дома не поминува.


За еден рецепт да се испроба мора да е наједноставен што може, а вкусот да го оправда и тој мал труд што е вложен. Ете тоа е главниот критериум од кој се ориентираме при изборот на рецепти.

Овесните снегулки се основата на оваа гранола
Кокосовите снегулки и кокосовото млеко - основни состојки
 

Баунти колачи


Количина: 35-40 мали колачи

Време за подготовка: 15 минути


Се подготвува во длабок сад за мешање, сад во кој ќе се топи чоколадото и калап за мали мафини.



Состојки:


200 g кокосови снегулки

200 g изладено полномасно кокосово млеко

4 лажици мед

Ванила екстракт


200 g темно чоколадо

4-6 лажици млеко (јас користев бадемово)

2 лажички кокосово масло

2 реда бело чоколадо (за декорација)

Гранолата се чува во стаклен сад
Кокосово млеко, кокос и мед

Опис:


  1. Битно е кокосовото млеко да е добро изладено за да се издвои течноста од кремот. Кокосовиот крем, кокосот и медот се замесуваат со рака. Се добива сува смеса која се распоредува во мали калапчиња (треба да сеостави малку простор за чоколадото).

  2. Чоколадото се растопува на пареа со млекото и на крај се додоава кокосовото масло и убаво се промешува.

  3. Растопеното чоколадо се распоредува со лажичка.

  4. Се растопува и белото чоколадо и додека е топло со чепкала за заби се прошаруваат колачите.

Гранолата може да се чува подолго време како опција за брз појадок
Баунти колачи




Следете ме

  • Facebook
  • Instagram
  • Twitter
  • YouTube
  • Pinterest
bottom of page