top of page

Нисоаз салата со наут и боранија

Се смета дека нисоаз салатата потекнува од Ница, Франција. Традиционално се прави од домати, варени јајца, нисоаз маслинки и туна со маслиново масло како дресинг.

Хумус - основна варијанта

Со варијации, денес во составот се додаваат зелена боранија, компири, пиперки, млад кромид и сезонски зеленчук. Светски познатите готвачи ја нарекуваат една од најдобрите комбинации некогаш измислени и најдобрата летна салата воопшто.


Ајде да се обидеме вкусот на нисоаз салатата да го доловиме исклучиво со растителни состојки.

Хумус - основна варијанта
 

Нисуаз салата со наут и боранија


Количина: 2-4 порции

Време за варење на боранијата: 15-20 мин

Време за сечкање и подготовка на дресингот: 20 мин

Вкупно време за подготовка: 25-30 мин (без дополнителното ладење и без времето за варење на наутот)


Без глутен, без јатки, без додадени шеќери

Се подготвува во сад за пареа или во тенџере со цедалка и во сад за мешање на салатата



Состојки за салатата:


½ kg млада боранија

250 g варен наут (или наут од една конзерва, убаво процеден од течноста)

15-ина каламата маслинки


Свежи зачински билки ситно исечкани: босилек, магдонос, копар

Морска сол (по вкус, ако се солени маслинките може и да се изостави)

Црн пипер (по вкус)


1 голем црвен домат


Состојки за дресингот:


2 големи лажици сенф

2 големи лажици маслиново масло

малку лимон

1 мала лажичка ленено масло (по желба)

Хумус - основна варијанта

Опис:


  1. Боранијата убаво исчистете ја од рачките, измијте ја и исечкајте ја на парчиња со големина од околу 3 цм.

  2. Боранијата најмногу ги задржува хранливите состојки кога се готви на пареа, па и за оваа салата може да се примени тој метод. Варете ја во сад за говрење на пареа или ако немате, истото приближно успешно можете да се изведе со тенџере и голема цедалка која ќе има пречник колку отворот на тенџерето. Наполнете вода до цедалката и чекајте да зоврие. Кога ќе почне да врие, ставете ја боранијта во цедалката и убаво поклопете со капакот за пареата да не може да излегува (барем поголемиот дел). Варете 10-15 минути.

  3. Додека се вари боранијата подгответе го дресингот. Состојките за дресингот се ставаат во мала тегла и теглата затворена убаво протресете ја.

  4. Сварената боранија додека е топла, измешајте ја со наутот, маслинките, зачинските билки, зачините и дресингот и оставете ја да се излади.

  5. Откако ќе се подизлади, во салтата додадете го и ситно исечканиот домат.

Забелешки:

  • Ако дозволува времето, нисоаз салата најубав вкус има ако се конзумира откако претходно барем еден час ќе отстои во фрижидер.

  • Најдобро е од наутот претходно да сварите поголема количина и да го чувате на ладно или замрзнат, така што ќе го имате при рака секогаш кога ќе ви биде потребен како дел од некој оброк. Исто, во овој рецепт може да се употреби и веќе сварен наут од конзерва.

  • Салатата можете да ја прилагодите на сопствениот вкус, односно може да додадете и малку марула, сечкан млад кромид – за да се збогати процентот на зеленчук и со тоа да се збогати со хранливи материи или може да се послужи со парчиња варен компир – за да добиете посодржаен оброк кој ќе ве држи сити подолго време.


Следете ме

  • Facebook
  • Instagram
  • Twitter
  • YouTube
  • Pinterest
bottom of page