Наједноставен начин редовно да се има брзо подготвен оброк е да се состави сендвич.
Секогаш ја поддржувам идејата за сендвич со многу зеленчук во секаква варијанта, не само за подобар нутритивен профил на сендвичот, туку и за убава комбинација на вкусови и бои.

Овој сенвич ги нуди вкусовите на летото, а крцкавиот зеленчук одлично се надополнува со кремастата структура на младото сирење и авокадото.
Направете си повеќе и спакувајте го за да имате неколку одборци.

Сендвич со авокадо и сирење
Количина: 2 сендвича
Време за подготовка: 15 минути
потребно е тавче за динстање на спанаќот и тостер за потпекување на лебот

Состојки:
4 парчиња леб
1 канче (180 g) cottage (или нискомаслена урда)
1/4 авокадо
Домат, на кругови
Црвен кромид, на полумсесечинки
Млад спанаќ
Црн пипер

Опис:
Лебот се потпекува на тостер. За тоа време, спанаќот кратко се динста колку да спласне.
На секое лепче се мачка од сирењето и се попрскува со црн пипер. Врз сирењето се реди авокадо, парчиња домат, парчиња кромид и спанаќ.
Се поклопува со уште едно лепче за да се оформи сендвич.

Comments